Селекцијата на САД ја освои титулата на првенството на Северна Америка и Кариби со четири убедливи победи и се пласираше на Мундијалот во Германија.
Тоа значи дека сега ИХФ има за делење две вајлд-карти, бидејќи претходно едната беше наменета за САД, во случај да не беа први на нивниот континентален шампионат.
САД најпрво го победи составот на Мексико со 32-27, потоа и Гренланд со 34-24, а на крајот Канада со 34-17.
Во мечот за злато, САД одново прослави триумф над Гренланд овојпат уште поубедлив со 32-18.
САД се најде во третиот шешир и ќе биде потенцијален ривал на Македонија на ждрепката што ќе се одржи на 10 јуни во Минхен.


























