Македонија може да налета на „нагазни мини“ – Унгарија, Австрија, Швајцарија…по вајлд-карти!

Светската ракометна федерација ќе додели две вајлд-карти кон крајот на месецов и ќе биде комплетирана листата на 32 учесници на Мундијалот во Германија.

Македонија е дел од вториот шешир и ќе ги дознае своите ривали во групната фаза на 10 јуни, а јасно е дека нема да игра со селекциите на Египет и Аргентина од првиот шешир.

Но од последниот шешир доаѓа голема опасност. Покрај Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола и Уругвај, можни ривали се селекциите што ќе добијат вајлд-карти.

А такви селекции може да бидат Унгарија, Швајцарија, Австрија, Црна Гора, Холандија…а сигурно и некој од азиските селекции ќе побара вајлд-карта од ИХФ.

Мундијалот во Германија ќе се одржи од 13 до 31 јануари во шест градови – Хановер, Кил, Келн, Хамбург, Магдебург и Минхен.

Минхен, Кил или Магдебург – Македонија има три опции пред ждрепката!