Ракометарите на Охрид в среда го очекуваат дербито со Еурофарм Пелистер во битката за второто место на табелата во суперлигашкото друштво.
Десното крило Ален Ќосевски очекува жестока битка и вели дека неговиот тим е подготвен да го даде максимумот, и покрај тоа што Охрид го очекува финалниот двомеч со унгарската Татабања од ЕХФ Европскиот Куп.
„Не чека вистинско дерби, борба за второто место во Супер лигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да покажеме дека сме тим што никогаш не се предава. Очекувам жестока битка. Подготвени сме да го дадеме нашиот максимум“, вели Ќосевски.
На табелата, Oхрид е втор и има 50 бодови, додека Еурофарм Пелистер е во моментов на третото место со 48 бодови. Во меѓусебните дуели оваа сезона Охрид има две победи со гол-разлика плус три, додека битолчани имаат една победа со шест гола разлика. Охрид со победа или реми ќе биде сигурно втор, додека пелистерци мора да слават, но потоа и да го победат „сино-белиот“ тим од Автокоманда во последното коло.
Мечот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра в среда од 19:00 часот во СЦ „Билјанини Извори“, додека во последното 10 коло од плеј-офот, Охрид ќе игра со Тиквеш, додека пелистерци ќе го пречекаат тимот од Автокоманда.
Можни сценарија во битката за второ место – што му треба на Охрид, а што на Еурофарм Пелистер?
На табелата, Oхрид е втор и има 50 бодови, додека Еурофарм Пелистер е во моментов на третото место со 48 бодови.
Во меѓусебните дуели оваа сезона Охрид има две победи со гол-разлика плус три, додека битолчани имаат една победа со шест гола разлика.
Охрид со победа или реми ќе биде сигурно втор, додека пелистерци мора да слават, но потоа и да го победат „сино-белиот“ тим од Автокоманда во последното коло.
Во последното 10 коло од плеј-офот, Охрид ќе игра со Тиквеш во Кавадарци, додека пелистерци ќе го пречекаат тимот од Автокоманда.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























