Познати полуфиналните двојки и организаторот на Ф4 кај кадетите

Завршниот турнир во машка кадетска конкуренција ќе се одржи на 24 мај во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Домаќин ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер, која во полуфиналето ќе се соочи со „витамините“ од Автокоманда од 12:00 часот.

Од 14:00 часот ќе играат екипите на Охрид и Пролет, а битките за третото место и финалето ќе бидат истиот ден.

Од 18:30 часот ќе се одигра мечот за бронза, додека финалниот натпревар е на програмата од 20:30 часот.