Некогашните ракометарки на Кометал Ѓорче Петров и екс македонски репрезентативки, Олга Евчеренко Бујанова и Марина Наукович Ламбевска, одновно заиграа ракомет.
Двете беа дел од ревијалниот натпревар што се одигра во Волгоград, меѓу поранешни и актуелни ракометарки на Динамо, АКВА и Ротор.
50-годишната Бујанова по заминувањето од Македонија во 2006 година се врати во Русија и играше за Динамо Волгоград до 2009, а потоа работеше во младинските категории на клубот.
Ламбевска, која има 47 години, исто така се врати во Русија по двете сезони во Кометал Ѓорче Петров и играше за Динамо Волгоград, Кубан Краснодар и Астраханочка.
Потоа одново се врати во Лигата на шампионите и играше за словенечкиот Крим пред да ја заврши кариерата во 2016 година.



























