ТРИ ЅВЕЗДИ НА 19. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 19. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 19. коло има по една ракометарка од Куманово, Ѓорче Петров и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 19. коло, резултати:
Деспина – Чаир 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Гевгелија 41:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Овче Поле СУ 37:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Скопје 32:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Куманово 37:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Астибо 51:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Шампион 36:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР22181355
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.22431515
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 19. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Таида Беровиќ - Металург Автокоманда
54.43%
Бојана Коцева - Вардар
41.37%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
4.20%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 19. КОЛО

Таида Беровиќ (Металург Автокоманда) – Левиот бек против тимот на Овче Поле СУ го одигра најдобриот натпревар во тековната сезона, беше незадржлива на теренот со 11 погодоци, сите од игра.

Бојана Коцева (Вардар)  Една од ракометарките кои што покажува голем напредок во Женската лига е токму Бојана Коцева, која на дуелот против Астибо шутерски беше расположена со 14 погодоци.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката повторно имаше одлична партија во дресот на „лавиците“ и со осум погодоци, но и неколку асистенции кон своите колешки, го предводеше својот тим до убедлива победа над вицепрвакот.