Екипата на Делчево ќе биде домаќин на второто издание на меѓународниот меморијален турнир „Андреа Ампова“.
Турнирот ќе се одржи на 5 и 6 септември во Делчево, а ќе настапат вкупно шест екипи од Македонија и од соседните земји.
Покрај домаќинот Делчево, учество ќе земат и македонските екипи Илинден Вардар, Астибо и Спартак, додека интернационалното учество ќе го комплетираат Пирин од Бугарија и Топличанин од Србија.
Пред љубителите на ракометот во Делчево претстојат два дена исполнети со натпревари, дружење и сеќавање на Андреа Ампова преку спортот.

























