Супер Куп историјат: Вардар со четири трофеи, Охрид е „новајлија“, само четири екипи играле досега…

Денеска ќе биде крената завесата на новата ракометна сезона во Македонија со Супер Куп натпреварот меѓу Вардар и Охрид.

Ова е деветто издание на натпреварувањето што беше воведено во 2017 година, а не се одржа во 2020 година, поради корона вирусот.

Во досегашните осум изданија на ова натпреварување, Вардар има четири трофеи, Еурофарм Пелистер има три, додека тимот на Кирил Лазаров има еден.

Освен овие три тимови, во Супер Куп играла уште екипата на Металург, а Охрид е новајлија во елитното друштво.

Покрај Гевгелија, која вторпат ќе биде домаќин на Супер Куп натпреварот, градови-домаќини беа и Скопје, Струга, Куманово, Охрид, Струмица и Кавадарци.

Мечот меѓу Вардар и Охрид е закажан за денеска, 2 септември, од 19:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија.

Досегашни изданија на Супер Куп:

2017 Вардар – Еурофарм Работник 30:25, Скопје
2018 Вардар – Металург 33:24, Струга
2019 Вардар – Металург 26:24, Куманово
2020 не се одигра
2021 Еурофарм Пелистер – Вардар 31:22, Скопје
2022 Вардар – Еурофарм Пелистер 22:23, Охрид
2023 Еурофарм Пелистер – Вардар 26:30, Струмица
2024 Еурофарм Пелистер – Алкалоид 30:33, Гевгелија
2025 Еурофарм Пелистер – Вардар 28:27, Кавадарци
2026 Вардар – Охрид, Гевгелија