Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од тимот на Охрид, и по еден од Куманово, Вардар, Голден Арт, Тиквеш и Прилеп.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 8. коло, резултати:
Плеј-оф
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-20 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 28-23 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ТИКВЕШ 22-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 33-28 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО 30-34 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ГОЛДЕН АРТ 30-30 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 21-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Даниел Ѓорѓески (Охрид) – Чуварот на мрежата имаше многу интервенции и беше меѓу најдобрите во триумфот над Бутел Скопје.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Тиквеш) – Кавадарчани лесно стигнаа до бодовите во Струга, а црногорското лево крило даде пет гола.
Лев бек: Христијан Милошески (Голден Арт) – Левиот бек со девет гола беше меѓу најзаслужните за бодот во Автокоманда.
Среден бек: Косуке Јасухира (Вардар) – „Самурајот“ даваше голови, делеше асистенции и беше меѓу најдобрите против шампионот.
Десен бек: Никола Јукиќ (Охрид) – Хрватскиот десен бек постигна пет погодоци против составот на Бутел Скопје.
Десно крило: Наум Костов (Куманово) – Охриѓанецот беше сигурен пеналџија и најдобар стрелец во вредната победа во Неготино со 11 голови.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Кружниот напаѓач одигра одлично во двата правци и беше меѓу најзаслужните за трите бодови во мечот со Скопје.