Охрид славеше во дербито против сино-белите од Автокоманда со 26-24 и му го нанесе првиот пораз на ривалот во новата сезона. „Гладијаторите“ одиграа борбено во текот на целиот натпревар и стигнаа до значајни два бода пред домашната публика.
Во последните пет меѓусебни натпревари, трипати победува Охрид, а два натпревари завршија реми.
По натпреварот, домашниот голман Дино Славиќ им честиташе на своите соиграчи и нагласи дека победата е целосно заслужена.
„Пред сè, сакам да ѝ честитам на мојата екипа. Мислам дека се боревме во сите 60 минути. Знаевме дека против себе имаме квалитетен тим и бевме свесни колку многу ни значат овие два бода. Сметам дека навистина ја заслуживме победата со борбата што ја прикажавме. Ова беше вистинско дерби, конечно освоивме нови два бода и продолжуваме понатаму“, изјави Славиќ.
Тој имаше вкупно 10 одбрани, а Охрид ја забележа четвртата победа сезонава и е на 4 место со 9. бода. во кругот на најголемите фаворити.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾
























