ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ГОГ го задржа Митун до 2028, Брновиќ се враќа во Будуќност, Оденсе остана без тренер

  • Германскиот Мелсунген потпиша нов договор со средниот бек Оле Форсел Шеферт. Шведскиот репрезентативец ќе остане во противникот на Вардар до 2028 година, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.
  • Репрезентативецот на Фарски Острови, Оли Митун, ќе остане во данскиот ГОГ Гудме најмалку до 2028 година. Иако екс членот на Савехоф беше посакуван од многу бундеслигаши, реши да остане во Данска.
  • Кружниот напаѓач на Црна Гора и на романскиот ЧСМ Букурешт, Татјана Брновиќ по пет сезони ќе се врати во Будуќност. Таа беше дел своевремено од овој клуб, пред да заигра за Ростов Дон, Крим и Брест Бретањ.
  • По Хени Реистад, францусиот Брест Бретањ планира уште две големи засилувања за наредната сезона. Според „Л’Екип“, на мета на Брест се двете ракометарки на големиот ривал Мец – десниот бек Лора Флип и десното крило Луси Грание.
  • Данскиот Оденсе по слабите резултати на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, го отпушти тренерот Јакоб Вестергард. До ангажманот на нов стратег, данскиот тим ќе го води досегашниот асистент Марк Страндгорд.