Победата од 22-18 во Скопје не беше доволна за Ѓорче Петров да го продолжи настапот во Европската лига. Македонскиот тим претрпе убедлив пораз на реваншот во Чешка, 17-27 каде што Баник Мост ја надомести негативата од првиот натпревар и избори пласман понатаму.
Ѓорче го отвори мечот со гол за 0-1, а во првиот дел успеа да се врати и до 7-7. Пресвртот во двомечот дојде во финишот на полувремето. По 10-8, домаќинките постигнаа три гола во низа за 13-8 и првпат стекнаа предност поголема од четирите гола што Ѓорче ги донесе од Скопје. На паузата Баник Мост водеше со 16-9.
Македонскиот тим на почетокот од второто полувреме се обиде да ја намали разликата, но не успеа да го запре налетот на домаќинките. Баник Мост ја задржа контролата и во завршницата стигна до двоцифрено водство, со што ги затвори надежите на Ѓорче Петров за пресврт.
Маркета Шустачкова беше најефикасна кај Баник Мост со осум гола, а Софие Бехенска постигна пет. Кај Ѓорче Петров, Анѓела Губериниќ и Емилијана Ризоска постигнаа по четири гола

























