Куманово го освои и Неготино и држи чекор за опстанок

Во дербито во плејаутот во 8. коло Куманово триумфално се враќа од Неготино, каде го победи домашниот тим на Вардар Неготино со 34-30 (19-18). Со овие три бода, Куманов се зацврсти на третото место на табелата, и останува во битка за пласман на едно од двете места кои водат кон директен опстанок во лигата, или пак во краен случај да играат бараж.

Вардар Неготино со овој пораз заостанува за водечката тројка со пет бода, и ќе мораат да победуваат, но и да чекаат „кикс “ на своите конкуренти. Ќе им биде тешко за опстанок, иако теоретските шанси се уште се во игра.

Двајца играчи завршија со двоцифрен беој голови зад своето име, домашниот Лазар Адамовиќ и гостинскиот Наум Костов, кои дадоа по 11 гола. Гостинскиот играч имаше и седум успешни седмерци, а Адамовиќ четирипати успешно погоди од линијата од седум метри.

Во поголем дел од средбата Куманов оимаше водство, во првиот дел и со „плус 4“ (10-6), но Вардар Неготино тоа успеа да го стигне, па и да поведе. Сепак на полувреме гостите заминаа со гол предност, 18-17.

Во вториот дел повеќе с еиграше „гол за гол“ се до 45 минта кога гостите првпат поведоа со 26-24, а потоа и 28-25. И Вардар Неготино, повторно се врати во игра, намалувајќи на 29-30 во 54 минута. И наместо да продолжат, тие застанаа. Куманов имаше нова серија, и на крај славеше со 34-30.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142