Вардар единствен на максимум по гостувањето кај Струга – останува лидер во Супер лигата

По триумфот на Охрид против „сино-белите“ од Автокоманда, Вардар останува единствена екипа без загубен бод во Супер машката лига.

Вардарци со комбиниран состав прославија рутинска победа над Струга со 33-24 и сега имаат 12 бодови по шест одиграни натпревари.

По 5-5 на стартот, Вардар почна да ја гради предноста, на паузата имаше плус три, 16-13, иако претходно момците на Иван Чупиќ водеа и со шест гола.

Во вториот дел Струга се доближи во два наврати на минус два, но вардарци веднаш „нагазија“ и до крајот запишаа убедлив триумф.

Голманите Валах и Гогов комбинираа 12 одбрани, Фадуил даде девет, а Митровиќ седум гола, додека кај Струга единствен расположен беше Јукиќ со девет погодоци.