Славиќ бранеше – Охрид славеше во дербито

Охрид го доби дербито во домашното првенство против тимот од Автокоманда со 26-24 (15-11). Пресвртот кон крајот на првото полувреме и периодот во кој домаќините поведоа со шест гола беа клучни за победата, иако гостите во финишот повторно се доближија.

Вторпат по ред Охрид победива во дуелите со тимот од Скопје, а во последните четир мешусебни дуели никогаш не победиле „сино -белите“. Со овој триумф охриѓани се враќаа во врвот на табелата.

Домаќините почнаа со 2-0, но сино-белите брзо се вратија. Урош Борзаш беше меѓу најактивните во нападот и гостите стигнаа до 4-7 во 16. минута. Охрид постепено ја топеше разликата, израмни на 7-7, но Дамјан Митев уште еднаш го врати гостинското водство – 7-8 во 21. минута.

Тогаш следуваше првиот важен период за Охрид. Анте Иванковиќ, Шуичи Јошида и повторно Иванковиќ погодија во серија за пресврт на 10-8. Предноста растеше до крајот на полувремето, а Дарко Ѓукиќ со гол од контранапад во последните секунди ги постави 15-11 на паузата.

Гостите во вториот дел намалија на 16-13, но Тилен Стрмљан со два гола и Јошида му донесоа на Охрид водство од 19-13. Дино Славиќ во тој период одбрани неколку важни удари, меѓу нив и седмерец на Никола Костески. Домаќините имаа шест гола предност и при 20-14.

Тимот од Автокоманда не се откажа. Дамјан Митев постигна два гола по ред за 20-16, а Костески намали на 21-18 во 48. минута. Охрид одговори преку Јошида и Стрмљан, а потоа стигна и до 25-19.

Завршницата донесе нова неизвесност и две неискористени шанси за домаќините. Доминик Мате ја погоди стативата од седмерец, а Ѓукиќ промаши седмерец при 26-23 во 59. минута. Претходно, гостите преку Нејц Цехте и Игор Ѓоргиев ја намалија разликата од пет на три гола. Охрид го задржа водството, а Дамјан Митев со седмерец во последната секунда ги постави конечните 26-24.

Мате беше најефикасен кај Охрид со шест гола, Јошида и Иванковиќ постигнаа по пет, а Стрмљан четири. Славиќ го заврши мечот со десет одбрани. Кај гостите Костески даде шест гола, Дамјан Митев пет, а Борзаш три.