Драма во Автокоманда, Голден Арт пропушти шанса за победа

Ракометарите на Голден Арт одиграа нерешено, 30-30 на гостувањето кај новиот суперлигаш во Автокоманда. Иако имаа гостите водство и од пет гола во два наврати, сепак на крајот освоија само бод. Последниот шут го имаше Голден Арт, но шутот на Милошески не заврши во домашниот гол, па на овој резултат сигурно ќе му се радуваат најмногу конкурентите за опстанок на двете екипи.

Сега тимот од Автокоманда остана петти со 14 бода, додека Голден Арт е шести со дест освоени бода и со намалени шанси да биде изборен опстанок во елитната конкуренција.

Избраниците на Стојан Петрушевски се одлепија на стартот на мечот, водеа со 8-3, па 9-4, но како одминуваше времето, така домашните полека се враќаа во игра и стигнаа на минус еден, 10-9. Но во финишот на полувреме Виларов имаше две одбрани, погодуваа Јанковски и Шилегов од контранапад и Голден Арт беше на плус три, 12-9. Со голот во последните секунди на Илиески, домашните намалија на 12-10.

Во второто полувреме Ончев го поведе Голден Арт до плус три, но борбениот тим од Автокоманда не се откажуваше и се врати во егал, 15-15. Домашните стигнаа до прво водство на десетина минути до крајот, 24-23, но останаа без Стојчевиќ кој доби црвен картон по трите исклучувања, а потоа почна да се игра гол за гол,

По неколку грешки на Голден Арт, „сино-белите“ стигнаа до највисоки плус два, 29-27, но Димевски потоа доби исклучување и гостите преку Шилегов кој реализираше два пати по ред за 29-29 и возбудлива завршница.

Искусниот Даскаловски кога најмногу требаше му одбрани шут на Илиески и Голден Арт тргна во напад за водство, но Шилегов промаши. Во последната минута се влезе со реми, 30-30.

Домашните не успеаја да организираат напад и да упатат шут, а ниту гостите не беа успешни и шутот на Милошески заврши во домашиот голман Ерманоски. Најдобри стрелци во домашниот тим беа Димитар Узунчев со девет и Давид Димевски со осум гола, додека кај Голден Арт се истакна Христијан Милошески и Мице Шилегов со по осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142