Тиквеш со петти триумф во плеј-офот, славеше во Струга

Екипата на Тиквеш на гостувањето во Струга кај истоимената екипа го оствари петтиот триумф во плеј-оф фазата, откако славеше со 29:22.

Избраниците на Раде Стојановиќ со денешната победа ги задржаа шансите за пласман меѓу најдобрите четири екипи, засега остануваат на 5. позиција, но сега имаат 16 бодови.

За истакнување на денешниот натпревар е одличната игра на членот на Струга, Филип Мечкароски, кој беше меѓу најефикасните во својата екипа, постигна четири погодоци, имаше неколку асистенции, како и влезови во противничката зона.

Струга на моменти парираше во првиот дел, резултатски се одржуваше во игра, но пресуден беше квалитетот и поголемиот ростер, кои го имаа гостите. Кратката ротација на домашниот тим си го направи своето и тимот на Тиквеш постојано беше во резултатска предност.

По 30 минути игра резултатот беше 15:13 во корист за кавадарчани, додека во вториот дел дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи, па така гостинскиот тим започна постепено да се одлепува за конечни плус седум гола разлика.

Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Мики Лазов и Мирко Мајиќ. Во поразениот табор прв стрелец беше искусниот Александар Тренчевски со пет реализации.

Во следното, 9. коло, тимот на Струга ќе го пречека Охрид, а Тиквеш на свој терен ќе се соочи со вицепрвакот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090