Охрид по вторпат го доби Бутел за шести триумф во плеј-офот

Амбициозната екипа на Охрид ја продолжува трката за пласман во ТОП 3 екипи во суперлигашката конкуренција, откако на свој терен славеше против Бутел Скопје со 33:28.

Охриѓани со денешниот триумф го презедоа третото место на табелата, сега имаат 20 бодови и заостануваат само на бод зад Вардар, кој моментално е второпласиран, додека лидер е тимот на Еурофарм Пелистер со 23 бодови.

Ракометарите на Охрид стартуваа според посакуваното, отворија со 2:0, a во воведните десет минути, откако гостите од Бутел намалија на 3:2, започнаа постепено да се одлепуваат, па така во 10 минута дојдоа до плус четири гола разлика, 6:2. Освен агресивната одбрана, голема заслуга за солидната резултатска предност на домашниот тим имаше голманот Даниел Ѓорѓески.

Сепак, солиден меѓу стативите беше и голманот на Бутел, Бојан Блажески, кој во неколку наврати во првата половина од првиот дел не дозволи Охрид да зголеми на плус пет. Избраниците на Горан Кузманоски стопија дел од предноста на домашниот тим, но во периодот од 20 минута, па до паузата бркаа негатива од четири до пет гола, па така по 30 минути игра резултатот беше 18:13 во корист за домаќините.

Тимот на Алушовски во првите десет минути од вториот дел успеа да дојде до плус шест, 23:17. Во тој момент Охрид јасно стави до знаење дека бодовите остануваат дома. Гостите се обидуваа да се доближат и во 47 минута намалија на минус три, 26:23. Тоа беше последната закана на Бутел, бидејќи Охрид успеа да се консолидира во последните десет минути и да дојде до 6-ти триумф во плеј-оф фазата.

Најефикасен во победничката екипа беше Гал Цирар со шест погодоци, по пет постигнаа Никола Јукич и Гоце Ојлески. Листата на стрелци кај Бутел ја предводеше Филип Николов со девет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120