Францускиот репрезентативец Беноа Конку беше пуштен од притвор во текот на вчерашниот ден, соопшти обвинителството во Париз.
Отворена е истрага за обид за силување, но Конку ќе може да се брани од слобода, иако нема повеќе детали.
Поранешното десно крило на ПСЖ и моментално играч на Келце, во неделата стана европски шампион со репрезентацијата на Франција.
Тој беше обвинет од млада девојка дека наводно се обидел да ја силува во ноќен клуб ноќта на 29 кон 30 јануари за време на прославата за европската титула
Полициската истрага продолжува, а Конку веројатно ќе остане во Париз до расветлување на случајот. Келце и Федерацијата на Франција се огласија во текот на вчерашниот ден, но ќе чекаат официјални информации за да преземат следни чекори.
Се огласија Келце и француската федерација за случајот „Конку“
Шокантнa вест од Франција: Европски шампион обвинет за силување!