Шокантнa вест од Франција: Европски шампион обвинет за силување!

Според информациите на повеќе француски медиуми, меѓу кои и „Л’екип“, репрезентативецот и европски шампион Беноа Конку е приведен во полиција по обид за силување во ноќен клуб на Шанзелизе во ноќта од понеделникот кон вторник.

Француската полиција за тамошните медиуми ја потврди шокантната вест и oткри дека е отворена истрага за случајот.

Доцна во ноќта од понеделникот кон вторникот, францускиот интернационалец во пијана состојба наводно се обидел сексуално да нападне млада жена.

Играчот на полскиот Келце, наводно, бил фатен од обезбедувањето на клубот додека не дојде полицијата. Потоа бил ставен во полициски притвор, за да биде испрашуван од инспекторите и да биде отворена истрага.

Французите во неделата ја освоија титулата во Германија, во понеделникот се вратија во татковината и беа на прием кај претседателот Емануел Макрон, а прославата потоа очигледно излегла од контрола. Тој требаше да се врати во Келце в четврток и да се посвети на клупските обврски, но очигледно тоа нема да биде случај.