Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер имаше победнички старт на подготвителниот период за новата сезона.
Избраниците на Лино Червар прославија убедлива победа над репрезентацијата на Катар, предводена од Веселин Вујовиќ со 36-24.
На паузата, битолчани водеа со 18-12 и уште тогаш беше јасно дека ќе слават со висока разлика.
Како во старите добри времиња и средбите меѓу Металург и Вардар, овојпат Червар и Вујовиќ беа на други клупи, но и натаму ривалството е големо.
Битолчани по средбата со Катар, ќе одиграат пријателски меч со словенечката Крка.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________























