Словенечки нокаут за Данска – ривалот на Македонија ќе игра за злато на ЕП!

Селекциите на Словенија и Германија ќе се борат за златото на кадетското Европско првенство во Србија.

Првиот ривал на Македонија, кој го „имавме во рака“, досега запиша само победи и в недела ќе бие битка за првото место.

Словенците во полуфиналето ја торпедираа Данска и славеа со 26-17, а блескаше голманот Миклавчич со 14 одбрани.

Германците пак славеа против Шпанија со 32-27, иако „фуријата“ водеше со 11-10 на паузата. Големото финале е на програмата в недела од 19:30 часот.