Се огласија Келце и француската федерација за случајот „Конку“

Француските медиуми денеска објавија дека репрезентативецот Беноа Конку се наоѓа во притвор.

По прославата на европската титула во понеделникот ноќта, односно вторникот наутро, Конку е обвинет за силување.

По овој повод се огласија француската федерација и неговиот клуб Келце.

„Откако во француските медиуми се појавија информации за играчот на нашиот клуб Беноа Конку, клубот стапи во контакт со Француската федерација и менаџерот на играчот и остана во контакт со нив. Ние го сфаќаме ова прашање сериозно, а во исто време го осудуваме секое однесување кое ги прекршува правилата на јавниот живот. По добивањето на официјална информација во врска со инцидентот, клубот ќе ги преземе сите соодветни активности. Се додека не се расчисти ситуацијата, нема да има коментари“, се вели во соопштението на Келце.

Сличен е ставот и на федерацијата.

„Федерацијата доби информација за обвинението против Беноа Конку, кој беше приведен во полиција во вторникот наутро во Париз. Француската федерација не е во позиција да коментира за ова прашање во оваа фаза и ги очекува насоките што ќе бидат дадени од правосудните органи. Во согласност со својата политика на нулта толеранција на насилство, Француската федерација ја потврдува својата решеност да се бори против сите форми на насилство и жестоко ги осудува. Ја даваме својата поддршка за сите жртви на насилство“, се вели во соопштението на федерацијата.

Доколку се потврди вината на Конку во случајов, тогаш многу веројатно е дека ќе остане без клуб.

Шокантнa вест од Франција: Европски шампион обвинет за силување!