Екипата на Скопје е последниот патник во групната фаза од Купот на Македонија, откако во неизвесен натпревар го совлада прволигашот Металург РА со 29:28.
Двете екипи играа променливо, ниту една од нив не можеше да направи исчекор и победникот беше одлучен во последната минута.
Домаќинот во најголемиот дел од првото полувреме имаше активен резултат, на пауза замина со 14:12, водеше и во вторите 30 минути, но гостинот во финишот беше повеќе пофокусиран и не дозовли да биде елиминиран.
Најефикасен на натпреварот беше членот на Металург РА, Филип Петровски, постигна 11 погодоци. Кај победничката екипа шутерски расположен беше Бојан Чакалиќ со 10 погодоци.
Гостинскиот состав на овој натпревар настапи без Давор Шокоски, кој е меѓу носителите на играта, па така избраниците на Оливер Димитриоски мораше да се помачат за да изборат место во групната фаза.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
Бисинов – Мулти Есенс 24-39
Кичево – Вардар Неготино 21-41
Младост Богданци – Охрид 19-34
Металург РА – Скопје 28-29