Даскаловски прослави роденден со 16 одбрани и пласман на Голден Арт во Топ-16 од Купот

Златко Даскаловски со 16 одбрани им се заблагодари на своите играчи за роденденските честитки упатени пред мечот, и голманот го предводеше тимот на Голден Арт кон триумф 37-27 (20-12) со што „бело-црните“ се пласираа во групната фаза од Купот на Македонија. Искусниот голман уште еднаш покажа дека годините не се важни, и дека има само добри и лоши, а не стари и млади.

Сега ќе ја чекаат ждрепката за групите, каде ќе бараат и шанса првпата да бидат дел на завршниот турнир. Постарите суперлигаши“ тимот на Голден Арт водеа во текот на целиот меч, а во второто полувреме ги имаа и највисоките „плус 12“ гола. Неизвесно беше само дали предноста н акрај ќе биде двоцифрена.

Даскаловски во двете полувремиња имаше по 8 одбрани, а особено ние во првото полувреме беа важни кога Голден Арт резултатски с еодлепи на 18-11 во 28 минута. Продолжи и во вторито дел, но тогаш тимот веќе имаше предност од десет гола.

Гостите покажаа дека можат да се вратат, бидејќи во првото полувреме имаа негатива од 3-7, па стигнаа до 6-7. Потоа се беше во знакот на Голден Арт. Недоволни беа оние 16 гола на Наум Костов, од што седум од пенал. На спротивната страна повеќемина беа расположени за игра кај Голден Арт. Дејан Гошевски даде 8 гола, а Марио Миланов 6.