Струга победнички низ Струмица, лесно ја скокна првата Куп пречка

Екипата на Струга обезбеди место во групната фаза од Купот на Македонија, откако славеше на гостувањето кај Астраион во Струмица со 25-18.

Поведоа стружани со 5-1, па беше јасно дека нема да дозволат сензација на овој дуел, иако домашните во продолжение заиграа подобро и намалија на минус еден.

На пауза Струга имаше плус три, 11-8, а во второто полувреме предноста на избраниците на Наум Танески само се зголемуваше.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ненад Костоски со девет погодоци и Јовица Младеновски со пет, додека кај Астраион се истакна Наков со десет гола.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 49-11
Прилеп – Јехона  40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
08/12, 17:30 Голден Арт –  Аеродром
08/12, 18:00 Бутел Скопје – Македонија ЃП
08/12, 19:00 Драчево – Алкалоид
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје