Вицепрвакот лесно обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 во Купот

Вицепрвакот во елиминациското коло од Купот на Македонија лесно се справи со прволигашот Драчево и обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи.

Во нерамноправен натпревар, избраниците на Кире Лазаров очекувано дојдоа до убедлива победа, која што беше изразена со 18 гола разлика, 44:26.

Суперлигашот во дуелот со прволигашот настапи со половина сили, па така најефикасен во таборот на „сино-белите“ беше Максим Гарбески со осум погодоци.

Кај Драчево се издвои Ѓорѓи Дука, кој одиграниот дуел во Автокоманда го заврши како најефикасен, имаше десет реализации.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона  40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт –  Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
19:00 Драчево – Алкалоид 44-26
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје