Екипата на Струга се израдува на првиот триумф во новата сезона од Супер машката лига, откако славше против Бутел Скопје со 26-24. Мечот беше решен во последната минута, кога по 24-24, домашните успеаја да погодат преку Јукиќ, потоа гостите погрешија и Струга преку Костоски само ја потврди победата.
Искусните бекови Георгиевски Јуиќ беа најдобри во победничкиот тим со по шест погодоци, а голманот Чаневски запиша 11 одбрани за Бутел Скопје, а капитенот Ѓеоргиевски погоди девет пати.
Се играше гол за гол до 6-6, пред домашните да искористат неколку грешки на бутелци и со три гола на крилата Шилегов и Костоски да се одлепат на 9-6. Но тоа не ги поколеба бутелци кои до паузата се изборија за реми со голот од далечина на капитенот Ѓеоргиевски за 13-13.
Чаневски бранеше добро на голот на Бутел Скопје, момците на Стоилов направија пресврт во второто полувреме и со голот на Стаменковиќ поведоа со 17-16. Но набрзина го загубија тоа што долго го градеа и Струга веднаш се врати во игра со три гола во серија.
На влезот на последните десетина минути беше 21-18. Бутел намали преку Јовиќ од пенал, потоа беше пропуштена прилика за минус еден, па домашниот стратег Мојсов побара минута одмор. Георгиевски стрелаше за 23-20, а по одбраните на Богдановски и Чаневски, Бутел имаше прилика за минус еден.
Беше прецизен Јаневси, а на три минути до крајот тајм-аут побара Стоилов. Стаменковиќ ппогоди, а потоа двојна одбрана имаше Чаневски и тоа со гол го награди Тодески, па беше 23-23 кога останаа уште две минути за игра. Беше пак нерешено, пред Јукиќ да погоди за Струга за 25-24, а гостите да погрешат.
Домаќините ја задржаа топката до крајот и Костоски упати удар со кој ја потврди победата. За Бутел Скопје ќе остане шанса на следните мечеви да брка прв триумф.

























