Пролет на младински погон ја скокна првата пречка во Купот

Тимот на Пролет лесно ја прескокна првата пречка во Купот на Македонија, откако на домашен терен беше убедлив против прволигашот Борец со 49:11.

Натпреварот во спортската сала „Македонско Сонце“ беше повеќе формалност и полесен тренинг за суперлигашот, кој настапи со комбиниран состав, па така голема минутажа имаа младинците од тимот.

Резултатски натпреварот беше решен уште во првата фаза, во која избраниците на Александар Јовиќ поведоа со 15:2 и на полувреме имаа висока предност од 20 гола разлика, 24:4.

Пролет во вториот дел во континуитет дополнително ја зголемуваше разликата и секоја грешка на ривалот ја казнуваше со гол.

Најефикасни во составот на Пролет беа Георгиј Спасовски со 11 и Давид Младеновски со десет погодоци, додека осум додаде Дамјан Димитриевски. Во таборот на Борец прво име беше Душан Крстевски со пет погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 11-49
07/12, 19:30 Прилеп – Јехона
07/12, 20:00 Куманово – Текстилец
08/12, 14:00 Астраион – Струга
08/12, 17:30 Голден Арт –  Аеродром
08/12, 18:00 Бутел Скопје – Македонија ЃП
08/12, 19:00 Драчево – Алкалоид
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје