Бутел ја наполни мрежата на Македонија ЃП и обезбеди следна рунда во Купот

Тимот на Бутел лесно и убедливо ја мина првата пречка во Купот на Македонија, совладувајќи го прволигашот Македонија ЃП со 49:26 (25:10).

Тренерот Горан Кузманоски за овој дуел, кој беше повеќе формалност и рутинска контрола на неговиот тим, ги одмори поискусните ракометари, шанса имаа помладите од клупата кои во целост ја оправдаа довербата.

Бутел сѐ реши уште во воведниот дел кога поведе со 7:1, кон средината на првото полувреме дојде до 12:2 и до крајот на натпреварот во континуитет ја зголемуваше резултатската предност.

Најефикасен во победничката екипа беше Илија Пејковски со 11 погодоци, по шест запишаа Бојан Спасовски и Марио Каевски.

Кај Македонија ЃП единствено расположен беше Лука Трифуновски, кој зад своето име запиша девет погодоци.

Дуелот на Бутел со прволигашот беше само полесен тренинг во пресрет на дербито со Пролет во рамки од последното коло од регуларниот дел во суперлигашката конкуренција.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 49-11
Прилеп – Јехона  40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт –  Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
08/12, 19:00 Драчево – Алкалоид
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје