Орешков ги водеше неготинци до групите од Купот на Македонија

Тимот на Вардар Неготино обезбеди место во групната фаза во Купот на Македонија откако го елиминира прволигашот Кичево со убедлива победа, 41-21.

Предводник на неготинци беше средниот бек Ѓоќе Орешков со 13 погодоци, а победникот беше најавен уште по првиот дел кога беше 25-11 за суперлигашот.

Второто полувреме беше само формалност и прашањето беше само со колку разлика ќе го добијат неготинци овој натпревар.

Покрај Орешков, во гостинскиот тим се истакнаа Петров и Митевски со по пет гола, додека кај Кичево најдобар стрелец беше Филип Тошев со пет погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона  40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт –  Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
 Бисинов – Мулти Есенс 24-39
Кичево – Вардар Неготино 21-41
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје