ПИК Сегед по поразот од Веспрем во домашното првенство, се врати на победничките патеки и во Лигата на шампионите го победи Еурофарм Пелистер со 34-26.
Тренерот Кристијан Карпати вели дека конечниот резултат не ја отсликува ситуацијата на теренот.
„Среќен сум што победивме бидејќи бевме под голем предизвик. Не почнавме добро, но потоа нападот проработи, во вториот дел и одбраната, се боревме, а играчите од клупата многу ни помогнаа. Конечниот резултат не ја отсликува ситуација на теренот, не бевме толку подобри“, вели Карпати.
Двете екипи ќе одиграат уште еден натпревар во Лигата на шампионите. Тој е на програмата на 22 ноември од 18:45 часот во Битола.