По триумфот кај Вардар Неготино минатото коло, ракометарите на Пролет ги чекаше уште еден дерби двобој во Првата лига, овојпат против Радовиш, со кој одиграа нерешено, 29-29.
Исто како во Неготино, кога погоди за триумф, така и сега, Ласко Андоновски, бше херојот на домашниот тим и стрелаше од пенал во последните секунди.
На паузата, Пролет водеше со 15-14, но во вториот дел доминираше Радовиш и водеше со пет гола разиа, 25-20. Домаќините не се предаваа, како одминуваше времето така ја топеа негативата и стигнаа до реми, 28-28.
Радовиш преку Костадинов даде гол за 29-28, потоа имаше и напад, но погрешија, а Атанасов спречи домашните да го изведат почетниот удар за напад, доби црвен картон и пенал на десет секунди до крајот, кој успешно го реализира Андоновски.
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Соколоски со седум и Фичорски со шест гола, додека кај Радовиш, Васе Петров даде десет гола.

























