Иваноски и Горење го срушија шампионот Целје!

Тимот на Горење Велење славеше во дербито на 5 коло од словенечкиот шампионат кај првакот Целје со 29-28.

Македонскиот дуел на теренот изостана бидејќи играше само десниот бек Михаил Иваноски во тимот на Горење, а десниот бек Димитар Узунчев не настапи поради повреда за Целје.

Иваноски успеа да постигне три гола во противничката мрежа, од кои два беа во вториот дел кога се кршеше резултатот и кога Горење ја градеше предноста.

Во следното коло Горење Велење го чека тимот на Ивачна Горица, додека Целје ќе гостува кај Шкофја Лока.

Тримо е лидер на табелата со девет бодови, Слован Љубљана има осум, додека Целје и Горење се меѓу екипите што имаат по шест бода.