Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на Европа.
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе ја стартува новата евро-сезона на домашен терен против шпанската Ла Риоха.
ЕХФ делегираше арбитри од Норвешка за оваа пресметка, а станува збор за Магнус Нигрен и Андреас Борге, додека делегат ќе биде Тихомир Касуниќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Ла Риоха се игра во среда на 30 септември од 20::45 часот во салата „Боро Чурлевски“.
























