Ацо Николовски ќе биде делегат во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на Европа.

Меѓу судиите, Македонија ќе нема свои претставници во натпреварите од првата рунда, но ќе има меѓу делегатите.

Ацо Николовски ќе се погрижи за се да мине според правилата на мечот што ќе се игра во Љубушки меѓу Извиѓач и францускиот Шамбери.

За арбитражата се задолжени молдавските судии Сердиук и Сирбу, а натпреварот е закажан за 29 септември од 18:45 часот во Љубушки.