Селекцијата на Данска славеше во финалето на ЕХФ Евро Купот против големиот ривал Норвешка со 34-30 и ја прекина победничката серија на Норвежанките од 22 меча во сите натпреварувања.
Норвешка го освои трофејот во 2022 и 2024 во ова натпреварување и имаше 19 победи по ред, до овој Ф4 турнир, но на ред дојде Данска.
Најдобра во редовите на Данска беше Јенсен со осум гола, а премалку беа десетте погодоци на Реистад.
Во полуфиналето, Норвешка предводена од Реистад со 11 голови ја елиминира Унгарија, додека Данска, за која голманката Кристенсен имаше 15 одбрани (60%), беше убедлива против домаќинот Романија.
ЕХФ Евро Куп:
полуфинале:
Норвешка – Унгарија 27-23
Данска – Романија 28-20
за трето место:
Унгарија – Романија 30-33
финале:
Норвешка – Данска 30-34
Низ Европа се одиграа и многу пријателски натпревари, а имаше турнири во Македонија и Чешка, додека некои селекции одиграа и двомечи меѓусебе.
Турнирот во Охрид со Црна Гора, Македонија, Хрватска и Србија го освоија Црногорките, додека во Чеб, Чешка, каде што покрај домаќинот играа Словенија, Полска и Норвешка Б, трофејот го освои скандинавската селекција.
Шпанија и Германија си поделија по една победа, исто како и Турција и Тунис, додека Франција ја совлада убедливо Шведска пред повеќе од 10.000 гледачи во Лион со 31-23. Сара Буктит даде шест гола за Франција, а Кларис Меро и Лена Гранво по пет, додека кај Шведска се истакна Клара Лербо со осум погодоци.
Пријателски натпревари:
Полска – Словенија 28-29
Чешка – Норвешка Б 30-38
Хрватска – Црна Гора 20-20
Македонија – Србија 29-21
Турција – Тунис 28-26
Хрватска – Србија 28-15
Турција – Тунис 26-28
Шпанија – Германија 29-31
Македонија – Црна Гора 23-29
Чешка – Полска 27-25
Словачка – Австрија 26-29
Норвешка Б – Словенија 38-29
Шпанија – Германија 35-30
Србија – Црна Гора 19-20
Македонија – Хрватска 25-22
Франција – Шведска 31-23
Полска – Норвешка Б 32-30
Чешка – Словенија 25-29


























