Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари. Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 20. КОЛО
СТРУГА – ТИКВЕШ 32:34 – ИЗВЕШТАЈ
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 32:20 – ИЗВЕШТАЈ
СКОПЈЕ 2020 – БУТЕЛ СКОПЈЕ 23:24 – ИЗВЕШТАЈ
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 28:36 – ИЗВЕШТАЈ
ОХРИД – ПРОЛЕТ 23:30 – ИЗВЕШТАЈ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ ОДЛОЖЕНО
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 20. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)
ГОЛМАН: Јагош Брауновиќ (Охрид) – Бранеше во добра форма кога беше најпотребно. Имаше добар ден и многу помогна за победата над Пролет.
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Имаше лидерска улога во Вардар во победата против Еурофарм Пелистер 2. Постигна седум гола.
ЛЕВ БЕК: Оливие Њокас (Вардар) – Одигра добар натпревар особено во првото полувреме против вториот тим на битолчани. Постигна четири гола во првиот дел од средбата.
СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Продолжува да игра во одлична форма. На гостувањето кај Струга во новата победа беше стрелец на десет гола.
ДЕСЕН БЕК: Филип Николов (Охрид) – Со десет гола беше најефикасниот ракометар на Охрид во важната победа против Пролет. Одигра еден од најдобрите натпревари сезонава.
ДЕСНО КРИЛО: Реваз Чантурија (Прилеп) – Постигна девет гола и ги предводеше стрелците во победата против тимот на Радовиш.
ПИВОТ: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Имаа тешка средба против Скопје, но ракометарите на Бутел Скопје успеаја да победат. Јевтиќ беше меѓу подобрите, а реализираше петпати.