Прилепчани ја прекинаа серијата од четири порази во низа – го освоија Радовиш

Во рамките од 20. коло од Супер машката лига, екипата на Прилеп прослави победа против Радовиш со 36:28.

Првото полувреме мина во интересна борба бидејќи ракометарите на Радовиш дадоа солиден отпор против Прилеп. Натпреварот го отвори гостинскиот тим со погодокот на Чантурија за водство од 1:0, а потоа домаќините преку Постолов израмнија на 1:1.

Прилеп на крилата на Шокоски и Чантурија константно беше во водство од еден гол разлика, но до 20. минута никако не можеше да се одлепи на поголема позитива. Во 17. минута од натпреварот, тренерот на Радовиш, Ангелов, побара тајм-аут со цел неговите ракометари да влезат во побрз ритам.

Но, неговите совети немаа големо влијание кај неговите избраниците. Ракометарите на Прилеп влегоа во убава серија и со погодоците на Трајкоски, Гичев и Андоновски, стигнаа до плус три, 11:8. Прилепчани во последните десет минути од првото полувреме ја искористија секоја дадена прилика од противникот и лесно стигнуваа до погодок.

Ракометарите на Горан Кузманоски имаа водство и од највисоки четири гола разлика, 14:10 и 15:11. Тоа беше сосема доволно да обезбедат активен резултат од 16:12 на полувреме.

Падот во играта кај Прилеп во второто полувреме беше причина за камбек на домашниот тим. Иако, Прилеп имаше водство од 20:17 и 21:19, ракометарите на Радовиш во 40. минута целосно се вратија во игра откако стигнаа до нерешен резултат, 21:21. Кризниот период кај Прилепчани беше прекинат со погодокот на Шокоски за водство од 22:21.

По неговиот погодок, следуваа уште два погодоци на гостинската екипа за плус три разлика, 24:21. Екипата на Прилеп секогаш кога требаше да го направи вистинскиот чекор и да ја обезбеди победата, му даваше надеж на противникот. Радовиш последната шанса ја имаше на десет минути пред крајот, но не успеа да погоди за 27:27.

Во последните осум минути, Прилеп не дозволи никакво изненадување. Радовишани попуштија во финишот, а составот на Прилеп успеа да го зголеми водството за конечни плус осум гола разлика, 36:28.

12 февруари 2022
28 - 36
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 февруари 2022 20:18 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12.02.2022 60'

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ1228Пораз
ПРИЛЕП1636Победа

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман01
2Филип Митев-00
3Иван Нисов-00
4Александар Марковлев бек00
8Кирил Буровски-02
9Спасе Ѓоргиевдесно крило02
10Здравко Постоловцентрален бек012
11Ангелче Органџиевлев бек05
12Александар Ристовголман00
13Костадин Ѓоргиев-00
23Кристијан Ристовлево крило00
77Томче Трајчевскипивот06
90Филип Костадинов-00
 Вкупно 028

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Лео Дамчевски-01
9Христијан Бикоскилево крило03
10Марко Трајковскипивот02
12Иван Ангелескиголман00
13Филип Адамчески-00
18Давор Шокоскилев бек26
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило09
27Марио Гичевцентрален бек16
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек25
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек04
 Вкупно 536

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515