Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Селекторот Кире Лазаров ќе има голем предизвик и ќе биде единствениот во двојна улога на континенталниот собир.
Дали селекторот Лазаров ќе го користи играчот Лазаров на натпреварите од ЕП.
„Јас би бил најсреќен да нема потреба воопшто да го користи, но си имаме зададено цели и задачи, па доколку биде потребно, а сигурен сум дека ќе биде, ќе направиме стратегија и со мене. Мојата идеја е сите играчи да учествуваат во натпреварот. Сите големи клубови и репрезентации ги користат сите играчи. Се работи за турнирски систем, доколку оствариме пласман во втор круг да бидеме свежи за него“, заврши Лазаров.
Македонија е во групата А што ќе се игра во Дебрецин и ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора.
Лазаров: Веруваме во убави работи, но стоиме цврство на земја и знаеме што не чека!
Дополнителен повик за уште еден пивотмен – на подготовки со 25 ракометари!
Томовски: Со нова енергија и нов селектор, верувам дека ЕП ќе биде позитивно за нас
Со стари и нови сили кон нови победи – следува тежок испит (ФОТОГАЛЕРИЈА)