Деби во машката ЛШ: Металари и Николовски ќе му судат на европскиот првак!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите.

По Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои ќе судат во првото коло на мечот меѓу Загреб и Целје, уште еден пар од Македонија ќе биде дел од ЛШ.

Исмаил Металари и Ненад Николовски по успешната работа подолго време во сите европски купови и во женската ЛШ, ќе дебитираат и во машкото елитно натпреварување.

Tие ќе го судат натпреварот меѓу францускиот Монпелје и европскиот првак Барселона што е закажан за следната недела.

Делегат ќе биде Рац од Швајцарија, а мечот ќе се игра на 17 септември од 20:45 часот.