Со стари и нови сили кон нови победи – следува тежок испит (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прв собир на машка сениорска репрезентација пред ЕП2022

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги стартува подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Селекторот Кире Лазаров на скратениот список има 25 ракометари, а дополнително повика уште еден пикер - Марко Стојковиќ. Подоцна на подготовките ќе се приклучат Митревски, Пешевски, Миркуловски и Кузммановски. После собирот, ракометарите заминуваат за Маврово каде ќе ја минат првата фаза од подготовките.