Лазаров: Веруваме во убави работи, но стоиме цврство на земја и знаеме што не чека!

Македонската сениорска репрезентација ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кире Лазаров на подготовките повика 24 ракометари, но дел од нив ќе се приклучат подоцна.

Тој вели дека процесот на подмладување е веќе почнат, но секогаш ќе се потпира и на дел од искусните ракометари.

„Најдобро е што оваа репрезентација од 2012 има континуитет на големите натпреварувања, тоа ни е главнца цел. Во споредба со другите спортови, имаме најмногу настапи на ЕП и СП, тоа е големината на нашата репрезентација. Процесот на подмладување е почнат, полека но сигурно една генерација заминува, трба да создаваме нова, секогаш се добредојдени искусни играчи од типот на Стоилов, Митрвски, Маркоски, Миркуловски…Треба да направиме млада, во некои делови искусна репрезентација. Ние нема да се откажеме од ниту еден играч, особено од оние што ги споменав и треба да им бидеме благодарни што ќе ни бидат на располагање на националниот тим“, вели Лазаров.

Селекторот знае со какви репрезентации ќе си има работа во Дебрецин.

„Веруваме во убави работи, меѓутоа од друга страна стоиме цврсто на земја и знаеме што не очекува во Дебрецин. Не треба да трошам зборови за нивните играчи и какви улоги имаат во нивните тимови. Данска ќе не сфати сериозно по поразот во Скопје, олимписки, светски и европски првак. Ќе бидат понаострени против нас. Многу ќе ни биде тешко да го повториме таквиот успех. Црна Гора е во нагорна линија со селекторот Рогановиќ, тренер на кој му веруваат. Играат со многу желба и со срце, му веруваат на селекторот, треба да бидеме претпазлви против нив. Ништо не може да не изненади. Секогаш велиме дека немаме доволно време, но сега имаме. Мора да работиме квалитетно, ќе направиме квалитетни подготовки во Маврово и Скопје. Инсистирав на четири контролни натпревари, на кои не ми е битен резултат, иако секогаш сакам да победииме. Ќе пробаме многу играчи, да видиме кој колку може да одговори на потребните за ЕП. Секој тренинг е важен, секој натпревар е важен, за да помладите купуваат знаење и да не „купуваат“ нас од стручниот штаб за да добијат минутажа на значајните натпревари“, продолжи Лазаров.

Тој вели дека физичката подготовеност е важна, но ќе се работи и на стратегија.

„Треба да се посвети внимание на физичката подготвеност, која треба да биде на високо ниво. Ние имаме добар кадар, Петар Баснарков е тука, но покрај физичката подготвеност, трбеа да работиме и на ракомет, и на стратегија“.

Лазаров ќе биде единствен на ЕП со двојна улога, играч и селектор.

„Го размислував ова во изминатиот период, и мислам дека психички и ментално се спремив за ова. Затоа и нашиот стручен штаб е поброен, млади и амбициозни тренери кои имаат доста искуство, кои ќе ми помогнат многу, ќе си поделиме работни задачи, ќе размислуваме исто, ќе има сугестии, но ќе се држиме за иста работа. Се надевам дека тој предизвик со нивна помош, ќе го одработиме квалитетно“.

Дали селекторот Лазаров ќе го користи играчот Лазаров на натпреварите од ЕП.

„Јас би бил најсреќен да нема потреба воопшто да го користи, но си и„маме зададено цели и здачаи, па доколку биде потребно, а сигурен сум дека ќе биде, ќе направиме стртегија и со мене. Мојата идеја е сите играчи да учествуваат во натпреварот. Сите големи клубови и репрезентации ги користат сите играчи. Се работи за турнирски систем, доколку оствариме пласман во втор круг да бидеме свежи за него“, заврши Лазаров.

Македонија е во групата А што ќе се игра во Дебрецин и ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора.

Дополнителен повик за уште еден пивотмен – на подготовки со 25 ракометари!

Ојлески: Македонија не е аутсајдер на ЕП!

Селекторот Лазаров за играчот Лазаров: Би бил најсреќен да не го користам, ама…

Томовски: Со нова енергија и нов селектор, верувам дека ЕП ќе биде позитивно за нас

Со стари и нови сили кон нови победи – следува тежок испит (ФОТОГАЛЕРИЈА)