Томовски: Со нова енергија и нов селектор, верувам дека ЕП ќе биде позитивно за нас

Македонската сениорска репрезентација денес ги започна подготовките за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Еден од голманите во македонската репрезентација, Мартин Томовски, верува дека со добри подготовки може да се дојде до позитивен резултат на Европското првенство.

„Сакаме да извлечеме поука од лошото СП во Египет и да покажеме дека вредиме. По тој настан направивме добра анализа и со нова енергија и нов тренер доаѓаме на ова ЕП, за кое верувам дека ќе биде позитивно. Сите сме здравствено добри, сакам така да остане и до стартот на шампионатот. Ќе бидеме посветени, ќе работиме максимално. Ова ќе биде таков тип на подготовки на кои ќе бидеме изолирани и знам дека максимално ќе се посветиме да бидеме подготвени за Европското првенство“, вели Томовски.

Младиот голман на Вардар истакнува дека сите репрезентации во Групата А се тешки ривали.

„Секако дека имаме тешки ривали, но тука нема лесни тимови. Има две места за следната фаза, кога говориме за противниците, добро ни се познати. Данска би ја издвоил како најквалитетна, Словенија исто така е сериозен кандидат за понатаму, тука е и Црна Гора која е фактор-изненадување. Верувам дека со добра подготовка, ќе дојдеме до најдоброто“, заврши Томовски.

Македонија е во групата А на ЕП во Дебрецин, заедно со Словенија, Данска и Црна Гора.

Лазаров: Веруваме во убави работи, но стоиме цврство на земја и знаеме што не чека!

Дополнителен повик за уште еден пивотмен – на подготовки со 25 ракометари!

Ојлески: Македонија не е аутсајдер на ЕП!

Селекторот Лазаров за играчот Лазаров: Би бил најсреќен да не го користам, ама…

Со стари и нови сили кон нови победи – следува тежок испит (ФОТОГАЛЕРИЈА)