Про лига – второлигашката конкуренција во Франција, од оваа сезона воведува новина која ќе донесе дополнителна неизвесност по истекот на 60 минути.
Доколку натпреварот заврши со нерешен резултат, двете екипи ќе го задржат бодот за реми. Потоа ќе се изведува серија седмерци, која ќе го одреди освојувачот на дополнителниот бонус бод.
Тоа значи дека екипата која ќе биде поуспешна во серијата ќе освои 2 бода, додека поразениот тим ќе остане со 1 бод. Победата во регуларните 60 минути и понатаму ќе носи 2 бода.
Серијата седмерци нема да го менува официјалниот резултат на натпреварот, гол-разликата или статистиката. Така, доколку дуелот заврши 30-30, официјално ќе остане запишан како 30-30, без разлика на исходот од дополнителната серија седмерци.
Новото правило ќе важи само во регуларниот дел од сезоната, додека нема да се применува во плеј-офот за пласман во повисок ранг.
На овој начин, ремито останува дел од натпреварувањето, но секој израмнет натпревар ќе добие дополнителна доза драма и можност една од екипите да стигне до бонус-бод.

























