Селекторот Кире Лазаров повика дополнително уште еден играч од поширокиот список да се приклучи на подготовките.
Станува збор за пикерот на Алкалоид и кадетски репрезентативец на Македонија, Марко Стојковиќ.
Лазаров се реши на овој чекор поради повредата на Никола Маркоски, која се влошува, но тука ќе биде и Стојковиќ, иако и Маркоски ќе оди во Маврово.
Покрај нив двајца, секстетот пикери е надополнет со Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Кристијан Симоноски и Костадин Петров.
Македонија на подготовките во Маврово ќе одигра два меча против Кувајт на 27 и 29 декември, додека во Скопје ќе игра со Израел на 3 и 4 јануари.
Лазаров: Веруваме во убави работи, но стоиме цврство на земја и знаеме што не чека!
Селекторот Лазаров за играчот Лазаров: Би бил најсреќен да не го користам, ама…
Томовски: Со нова енергија и нов селектор, верувам дека ЕП ќе биде позитивно за нас
Со стари и нови сили кон нови победи – следува тежок испит (ФОТОГАЛЕРИЈА)