По вчерашниот триумф над тимот на Татабања, ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа уште една победа над унгарскиот тим, овојпат со 21-24 и ги зголемија шансите за место во осминафиналето на Лигата на Европа.
Младиот десен бек Матео Мараш вели дека на крајот сепак најважно е што бодовите се освоени.
„Тешко е да се игра два меча во Европа за 24 часа. Тоа се покажа денеска, по вчерашниот триумф, денеска лошо отворивме. Мислам дека нас не здрма малку повредата на Кушан. Но сепак во вториот дел ја стегнавме одбраната, Хендави фати неколку топки во серија и на крајот ги освоивме бодовите“, изјави Мараш.
Следен предизвик за битолчани ќе биде натпреварот против данскиот ГОГ Гудме на 16 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Хендави и Мандалиниќ за нов триумф – Еурофарм Пелистер вторпат славеше над Татабања
Проблеми за битолчани – сериозна повреда за Кушан, на носилки изнесен од теренот!
„ЕР СТРУГА“ полета во Битола – атракција на Ојлески и Костески (ВИДЕО)
Бабиќ: Хендави беше одличен во клучни моменти, победата му ја посветуваме на Кушан