Хендави и Мандалиниќ за нов триумф – Еурофарм Пелистер вторпат славеше над Татабања

По вчерашниот триумф над тимот на Татабања, ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа уште една победа над унгарскиот тим, овојпат со 21-24 и ги зголемија шансите за место во осминафиналето на Лигата на Европа.

Татабања отвори со водство од 5-1, битолчани останаа без повредениот Кушан, а унгарскиот тим ја одржуваше разликата од четири погодоци до средината на полувремето.

Мандалиниќ успеа да намали на 8-6, а на пет минути до крајот од пенал хрватскиот интернационалец донесе и минус еден негатива, 9-8, но многуте грешки во нападот и одбраните на Ласло Бартуч беа причина за нова негатива, 11-9.

По десетина минути игра во вториот дел, битолчани стигнаа до израмнување, 14-14, а потоа се играше гол за гол. Хендави беше одличен на голот на Еурофарм Пелистер, но исто така и Бартуч на спротивната страна.

По три исклучувања во 50. минута, гостинскиот пикер Сипос заработи црвен картон, а веќе во следната акција, битолчани за првпат стигнаа до предност на овој меч со голот на Мандалиниќ, 19-20.

Хендави продолжи со одбраните, ги запре Анчин и Ѓери, а на спротивната страна Периќ и Мараш погодија за 20-22 на две минути до крајот. Беше и 20-23 за битолчани, па до крајот само рутински беше одржана предноста за конечни 21-24.

11 февруари 2021
21 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 февруари 2021 17:54 ЛИГА ЕВРОПА D 2020/2021 11.02.2020 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТАТАБАЊА1121Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР924Победа

ТАТАБАЊА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Милош Божовиќлев бек03
3Балаш Молнарлево крило04
4Нандор Богнарпивот00
7Адам Јухачцентрален бек00
8Адријан Сипоспивот30
13Рихард Немешпивот01
14Бенце Хорњакдесно крило02
16Ласло Батруцголман00
17Стефан Сунајколево крило10
18Ференц Илешлев бек00
22Матијас Ѓерицентрален бек04
23Давид Дебреценипивот01
27Габор Анчиндесен бек04
29Бенце Здоликлев бек01
47Петер Хорњакдесно крило01
96Михал Мартин Конечниголман00
 Вкупно 421

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек02
3Гоце Ојлескилево крило10
4Никола Маркоскипивот02
7Дејан Кукуловскилев бек01
9Стипе Мандалиниќлев бек09
10Томислав Кушанпивот00
11Невен Стјепановиќдесен бек01
13Мирко Радовиќдесен бек13
14Марио Танкоскицентрален бек00
18Јосип Периќцентрален бек02
19Ненад Костескидесно крило02
21Градимир Чаневскиголман00
23Марин Вегарлев бек00
24Милорад Кукоскилев бек00
59Елмир Граџанпивот12
88Карим Хендавиголман00
 Вкупно 324
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274

Проблеми за битолчани – сериозна повреда за Кушан, на носилки изнесен од теренот!

„ЕР СТРУГА“ полета во Битола – атракција на Ојлески и Костески (ВИДЕО)

Бабиќ: Хендави беше одличен во клучни моменти, победата му ја посветуваме на Кушан

Мараш: Тешко е да се игра два европски меча во 24 часа, ама покажавме дека можеме

Периќ и Радовиќ со цепелин ја „поздравија“ Татабања (ВИДЕО)