Бабиќ: Хендави беше одличен во клучни моменти, победата му ја посветуваме на Кушан

По вчерашниот триумф над тимот на Татабања, ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа уште една победа над унгарскиот тим, овојпат со 21-24 и ги зголемија шансите за место во осминафиналето на Лигата на Европа.

Тренерот Жељко Бабиќ вели дека играчите биле емотивно и физички испразнети по вчерашниот триумф, но дека покажале карактер.

„Се заблагодарувам за овој добар натпревар на играчите и стручниот штаб на Татабања. Јас сум многу уморен, а можам да замислам како им е на играчите кои беа емотивно и физички испразнети по вчерашниот триумф, па не можевме да повториме дел од играта од вчера. Во вториот дел се разбудивме, но нашиот голман во клучни моменти реагираше одлично. Честитки за моите играчи, покажаа карактер, а победата му ја посветувам него и се надевам дека неговата повреда не е сериозна и ќе може брзо да ни се приклучи“, изјави Бабиќ.

Следен предизвик за битолчани ќе биде натпреварот против данскиот ГОГ Гудме на 16 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Хендави и Мандалиниќ за нов триумф – Еурофарм Пелистер вторпат славеше над Татабања

Проблеми за битолчани – сериозна повреда за Кушан, на носилки изнесен од теренот!

„ЕР СТРУГА“ полета во Битола – атракција на Ојлески и Костески (ВИДЕО)

Мараш: Тешко е да се игра два европски меча во 24 часа, ама покажавме дека можеме

Периќ и Радовиќ со цепелин ја „поздравија“ Татабања (ВИДЕО)