Проблеми за битолчани – сериозна повреда за Кушан, на носилки изнесен од теренот!

Вчера натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања доцнеше поради погрешни дресови, а денеска имаше прекин од неколку минути поради сериозната повреда на најдобриот стрелец на битолчани.

Хрватот Томислав Кушан во 9. минута од мечот при еден напад не погоди и тргна да се враќа назад, но наеднаш падна на теренот.

Со болна гримаса на лицето, се држеше за грбот и остана да лежи на теренот подолго време додека да бидат создадени услови да биде изнесен од теренот.

Тој од претходно имаше повреда на коленото, но на вчерашниот дуел беше најдобар стрелец и покрај тоа.

За што конкретно се работи, веројатно ќе биде познато во текот на вечерта.